| четврток, 6 декември 2018 |

„Алкалоид“ со раст на извозот од 11 отсто и нови 54 вработувања во Македонија во првите 9 месеци од годинава

alkaloid

„Алкалоид АД‘‘ Скопје во периодот јануари – септември 2014 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 4.344 милиони денари бележат зголемување за 2 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 801 милиони денари што претставува зголемување од околу 10 отсто. Нето добивката изнесува 457 милиони денари што претставува зголемување од 4 отсто.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 5.550 милиони денари бележат зголемување од 8 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013 година, при што е реализиран раст на консолидираните извозни продажби од 11 отсто. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 833 милиони денари што претставува зголемување од околу 10 отсто. Нето добивката изнесува 440 милиони денари што претставува зголемување од 4 отсто.

Во периодот јануари – септември 2014 година во „Алкалоид‘‘ се реализирани 54 нови вработувања во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top