Актерот Том Круз е во врска со австралиската манекенка Миранда Кер, само неколку недели по разделбата на убавицата со Орландо Блум. Тие се запознале во Лондон, кога џвездата од „Топ Ган“ се воодушевил од супермоделот за време на јавен настап во британската престолнина. Од ноември минатата година, откако Том ја сретнал Миранда на официјална вечера во Лондон, тој не можел да ја извади од глава.
52 -годишниот актер е сам откако неговиот брак со Кејти Холмс се распадна во 2012 година. Манекенката, која има тригодишен син Флин од Орландо Блум, често ги збунува медиумите со своите љубовни врски. Долго време се сметаше дека убавицата има врска со богатиот Џејмс Пакер. Според блиски извори, Круз и Кер не сакаат да ја објават врската официјално, но често зборуваат по телефон и тајно се гледаат секогаш кога Кер е работно во Лондон. Блиски на манекенката велат дека Миранда сака силни и богати мажи, а Том ги задоволува сите нејзини критериуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



