| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите му порачаа: Роџерс оди си!

Навивачите на Ливерпул, незадоволни од последниот пораз на нивниот тим од екипата на Њукасл, бараат оставка од тренерот Брендан Роџерс.

Фановите веќе почнаа да го споредуваат менаџерот на Ливерпул со Дејвид Мојс и да му предвидуваат иста судбина. Тие дури изнајмија и авион и направија банер – Роџерс, оди си!

На Роџерс најмногу му се замерува дека потрошил околу 250 милиони на 25 засилувања во претходните четири години, а клубот повторно е „просечен“.

Од друга страна, менаџерот на Ливерпул се правда со слабата форма на играчите, отсуството на повредениот Стариџ и заминувањето на Луис Суарез.

– Ја изгубивме ефикасноста и головите. Минатата сезона постигнавме 101 погодок од кои речиси 80% беа дело на Суарез и на Стариџ – истакна Роџерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top