Мотоциклист утрово почина возејќи го својот мотоцикл на булеварот „Кочо Рацин“ во близина на Зелено пазарче во скопски Центар, информираат од СВР Скопје.
На лицето чиј идентитет се уште не е познат му се слошило додека возел при што паднал од мотоциклот. Веднаш интервенирала Брза помош, но лекарите констатирале смрт.
Полицијата врши увид на местото на настанот, а повеќе детали за настанот и причините за смртта се најавени за подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


