| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ од 13 до 22 ноември во Скопје

nik kejv

Тринаесеттото издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Скопје ќе се одржи од 13 до 22 ноември. Младинскиот културен центар (МКЦ) порачува „Пазате се од 13 до 22 ноември, доаѓа Синедејс“.

Од МКЦ велат дека се подготвува возбудлива програма со музички документарни филмови, како „Ник Кејв: 20.000 денови на Земјата“, филмот за контроверзниот нигерски џез-музичар Фела Кути „Како го најдов Фела“, музичкиот документарен филм за култните „Стоун роузес“, премиера на филмот „Денот да е радосен“ за „Културно-уметнички работници“.

Во официјалната селекција и во селекцијата на најдобрите филмови од балканската кинематографија „Синебалкан“, во соработка со селекторот Бернд Будер од Германија, ќе се прикажат филмовите од идните млади европски режисери, кои полека се докажуваат на светските фестивали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top