Во НБА-лигата синоќа беа одиграни четири натпревари. Кошаркарите на Мајами и на Голден стејт продолжија со одличната игра и сега имаат резултат 3-0.
Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс загубија од екипата на Сакраменто кингс со резултат 98-92, а најзаслужен за победата беше центарот на „кралевите“ Демаркус Казанс кој запиша 34 поени и 16 скока.
Мајами хит на гостувањето во Торонто славеше со резултат 107-102. Како и на претходните два меча, повторно најдобар во тимот на Хит беше Крис Бош, кој натпреварот го заврши со 21 поен и со 11 скока.
Двејн Вејд уфрли 19 поени, проследени со 11 скока и со 7 асистенции.
Во победата на Голден стејт вориорс над Портланд со резултат 95-90, повторно најефикасен беше Томпсон со 29 поени. Плејмејкерот на Вориорс стеф кари уфрли 21 поен и 6 асистенции. Во екипата на Портланд најефикасен беше Ламаркус Олдриџ со 26 поени и со 13 скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.