| четврток, 6 декември 2018 |

Нема шеги со Ким: Го убил генералот зашто ги менувал зборовите од химната

kim-jong

Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун наредил егзекуција на уште еден свој врховен воен заповедник затоа што ги менувал зборовите во социјалистичката химна додека пеел караоке.

Јонг Ун наводно побеснел затоа што високиот функционер наместо стихот „благодарејќи на нашата партија“ пеел „благодарејќи на вашата партија“, а наместо „мрази ги своите непријатели, сакај ја државата“ отпеал „мрази ја својата жена, сакај ја љубовницата“.

Веста за егзекуцијата стигна од Јужна Кореја, а во таа земја се претпоставува дека генералот, најверојатно, случајно погрешил во првиот стих, додека во втората сакал да се пошегува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top