Челниците на украинската војска наведоа дека денеска се забележани интензивни движења на руската војска на границата меѓу двете држави. Како што наведуваат, руската војска се подготвува за влегување на територијата на Украина и тоа во источниот дел кој е под контрола на проруските сили.
-Од територијата на Руската Федерација на територијата под контрола на бунтовниците интензивно стигнува воена опрема и воен персонал, рече портпаролот на украинската војска Андреј Лисенко.
Тој не прецизираше за каков облик на воена помош станува збор, а засега немаше реакција од Москва на ваквите тврдења на Киев.
Во меѓувреме се појави и снимка од воен конвој кој минува по улиците на Донецк, градот околу кој се водат најголемите борби. Најголемите кршења на примирјето се забележани токму во Донецк каде украинските и бунтовничките сили се судрија околу аеродромот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.