На саемот за погребна опрема кој неодамна се одржа во Москва во понудата се најде и iСпоменик, надгробен споменик на кој се мануваат низ фотографии од покојникот.
Интересно е тоа дека за рекламата за iСпоменикот користена е фотографија и името на Стив Џобс, основачот на компанијата „Епл“.
iСпомениците може да се купат по цена од околу 18 000 евра и се исклучително популарни. Овој вид надгробен споменик предизвикува големо внимание на купувачите од Русија кои се заинтересирани и за други видови необични надгробни плочи од кои голем дел делуваат бизарно и кичесто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.