Исламскиот калифат нуди работа за лудо храбриот и бескрупулозен стручњак за нафта. Имено, откако заредија несреќи, експлозии и пожари на нафтените полиња под контрола на Исламската држава, почна потрага по менаџер кој ќе воведе контрола и ред во погоните кои досега ги зазедоа исламските борци. На најдобриот кандидат кој со својата биографија ќе го докаже искуството на слични ангажмани, но и предаденост на целите кои ги прокламира Исламската држава, му се нуди годишна плата од 225.000 долари. Бонуси за работа во исклучителна воена опасност или одвоеност од семејството не се споменуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.