Генералот Вељко кадијевиќ кој од 1988 до 1992 година беше сојузен министер за одбрана на Југославија, почина денеска во Москва, јави Б92. Тој од 2001 година живее во Русија, а со указ на тогашниот претседател Дмитри Медведев во 2008 година доби државјанство. Пред тоа доби статус на бегалец, а во Хрватска против него беа покренати три обвиненија за злосторства против цивилното население.
И покрај неговата клучна улога во воените дејствија, Хашкиот трибунал никогаш не покрена обвинение против него. Беше на чело на ЈНА во 1991 година кога беа водени операциите во Вуковар и во Дубровник, а од земјата побегна кога во 2001 година му стигна покана од Хашкиот трибунал да се појави таму како сведок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.