Играта ќе се заборави ќе остане само резултатот кој донесе нови два бода во Лигата на шампионите. ЖРК Вардар многу тешко дојде до победата над Подравка во Копривница со 27-26. Аутсајдерот во нашата група ги намачи македонските шампионки и фаворитките во овој меч. Долго време водеа во текот на натпреварот и ја одржуваа резултатската предност. Неиграњето на силни мечеви во домашниот шампионат е голем проблем за избраничките на Индира Кастратовиќ. Сеуште неможат да ја пронајдат формата од минатата сезона по која беа препознатливи ширум Европа.
Ослободени од притисокот домашните ракометарки играа лесно и ја користеа секоја наша грешка во одбраната. Лесно стигнуваа до позиција за удар на голот на Ина Суслина која денеска повторно беше одлична на голот, но зицер позициите тешко се бранат.
Серијата од три гола на најдбрата ракометарка за минатата година Андреа Лекиќ донесе надеж дека Вардар може да победи во Кипривница.
Скратениот ростер на играчи со заминувањето на Алисон Пино повредените Хмирова Лејно и Фернандез доведе до замор кај ракометарките. Сепак смогнаа сили успеаја во зацртаното, со победа да се вратат во Скопје.
Сите ракометарки кои го одиграа овој натпревар го дадоа максимумот. Да се надеваме дека во следните натпревари ќе играат полесно и нема да имаат лоши моменти во играта како во сите три натпревари до сега.
Со оваа победа ЖРК Вардар се искачи на второто место на табелата со две победи и еден пораз зад Будуќност кој има максимален ефект по победата над гостувањето кај Турингер.
Во следното коло Вардар е домаќин на Подравка на 9 ноември во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.