Она што за вас претставува задоволство и уживање не мора нужно да остава пријатен впечаток на останатите личности и затоа е важно да се гради лично чувство за енергијата и виталноста. Ова се основните Фенг шуи принципи:
1. Внесете светлина и силни бои во вашиот дом
Деновите кои ни претстојат се идеални за оваа промена, со оглед на тоа дека по облачната есен не очекува уште по темна и студена зима. Часовите поминати во затворен простор, како и лошото вештачко светло кое не може да го замени благодетот на сонцето, неповолно влијаат на физичката состојба на луѓето и расположението на луѓето. Сепак обоените сијалици или сијалиците полни со спектар, кои всушност ја имитираат светлината на сонцето може да го сменат постојаното задоволство појавата на пореметувања на спиењето или „зимската депресија“
2. Преуредете ја собата за еден ден
Иновативно, креативно и поинаквото уредување макар на една соба во станот, ќе го освежат катчето во кое спиете, работите или најчесто престојувате. Преместете го креветот, поставете го креветот накосо или само променете ја сликата на ѕидот, купете нов украс за куќата. Можеби преуредениот изглед на просторијата нема да ви се допадне, но барем сте се обиделе!
3. Цветни есенции
Било да сте во канцеларија или дома, еден ваков аранжман ќе го оплемени просторот во кој работите, спиете или одморате. Потребно е да се најде изворска вода, со неа да наполните една чинија и во неа да ставите одредени видови цвеќиња, кои како што велат упатените „ лекуваат одредени проблеми“. Доколку на пример често ги преземате проблемите на другите, ги третирате како свои и на тој начин се оптеретувате себе си, цветот од орев може да ви помогне во тоа.
4. Купете риба
За почеток купете една, а потоа збогатете го својот аквариум со овие прекрасни елегантни и мирни животни кои нема да ви одземат премногу време и труд. Рибите симболизираат успех и просперитет!
5. Поместете 27 предмети
Преку преместување на предмети, метафорично ја поместувате, односно ја менувате состојбата во која се наоѓате, доколку имате чувствио дека „тапкате во место“ и не напредувате поради што сте нервозни и немирни. Преместете ги фотографиите на масата, комодата или можеби лампата на некое друго место и обидете се на тој начин одново да го активирате својот ум!
6. Ароматерапија
Етеричните масла позитивно влијаат на комплетниот психо-физички систем во зависност од нивната адекватна примена. Може да ги ставате на кожата како парфем или да се капете со нив или да ги користите во кулинарството или поради освежување на воздухот. Ружата и лавандата помагаат да го совладате чувството на немир и тензии, додека етеричното масло од портокал буди радост и полет.
7. Стојте исправени и подобрете ја вертикалата
Набљудувајте ги луѓето кои минуваат пред вас, размислувајте за нивниот од, мимиката или изразите на лицата, вежбајте ги мозочните вијуги. Говорот на телото е исклучително важен во секојдневната општествено-политичка комуникација поради што од големо значење е да зрачите со енергија, да одите со сигурен чекор и да го држите грбот исправен. Дури и кога се чувствувате лошо, овие корисни вежби ќе ви помогнат да ја вратите силата, моќта и самодовербата. Кога станува збор за ентериерот на вашиот дом, „јакнењето на вертикалната линија“ низ високите сијалици или вазни.
8. Поправете го тоа што ви е расипано, скршено или најдете му некоја нова функција
Со оглед на тоа дека вакво нешто е многу полесно да се каже отколку да се направи, доколку немате самомотивација, повикајте мајстор на еден ден да ви помогне или послужете се со интересни трикови од интернет блогови и портали. Бидете креативни и вредни!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.