| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ ја одбрани титулата во Париз, во финалето го победи Милош Раониќ

Најдобриот светски тениски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ го одбрани трофејот освоен минатата година на Мастерс турнирот во Берси, Париз совладувајќи го во финалето Милош Раониќ со 2-0 (6-2, 6-4) во сетови.
Ова беше 600 та победа за Ноле во својата кариера и заслужено го подигна победничкиот пехар. Раноиќ кој до финалето ги победи Федерер па потоа и Бердих не беше ни бледа сенка од игрите кои ги прикажуваше до денеска.
Лесно загуби дури три гема на свој сервис во двата сета што беше доволно Ѓоковиќ со смирена игра во текот на целиот меч да дојде до титулата.
Со оваа победа тој се најде на петтото место на вечната листа на тенисери со најмногу победи. На врвот е неприкосновениот „крал“ Роџер Федерер со дури 991 победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top