| четврток, 6 декември 2018 |

Познат скопски менаџер и ракометар фатени во прељуба со две сестри

Познат менаџер и популарен ракометар вчера се најдоа во непријатна ситуација, кога девојката на менаџерот влегла во станот и ги фатила двајцата другари како се забавуваат во кревет со две сестри од Ниш. Девојката во афект се обидела да му ги отсече гениталиите, во што едвај успеал да ја спречи несреќниот менаџер, пренесува „Убавинаиздравје“.

Ова се случило вчера во 17 часот на ул. „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром. Според зборовите на соседите, од станот што се наоѓа во нивниот влез, а кој е изнајмен, постојано се слушале караници и женски гласови. Но, сепак кулминацијата се случила вчера попладне.

– Излегов во ходникот бидејќи слушнав врева, турканица, трескање врати – изјави 74-годишната бабичка Милица.

– Во ходникот истрча еден дечко целосно гол, а зад него неговата девојка, со нож в рака. Го кутна на земја и викаше дека ќе му ја исече „онаа работа“. Многу се потресов, ми скокна притисокот бидејќи имам слабо срце. За среќа, дотрча другото момче и уште една девојка и успеаја да и го земат ножот – вели баба Милица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top