| четврток, 6 декември 2018 |

Филхармонија ќе ја отсвири „Слики од една изложба“ за децата

Во Домот на АРМ, утре, со почеток од 12 часот, Македонска филхармонија ќе ја изведе познатата музичка гарнитура „Слики од една изложба“ на големиот романтичарски руски композитор Модест Мусоргски.
Настанот е предвиден како симфониски концерт за деца, а билетите, кои се по цена од 150 денари, веќе се пуштени во придружба.
Од Македонска филхармонија велат дека овој концерт ќе им овозможи на децата незаборавно музичко патување во чудесен свет на џуџиња, стари замоци, танц на неиспилени пиленца и раскошни порти.
Во рамки на концертот ќе настапи актерот Мартин Јорданоски, во улога на Волшебниотсон, а со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top