| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: за судот нема докази за Златна зора

zlatna-zoraАтински суд го ослободи пратеникот на неофашистичката партија Златна зора Илиас Касидиарис од обвинение за напад. Касидиарис беше обвинет дека бил дел од петчлена група, која во 2007 година нападна студент, кој беше претепан и прободен со нож, а му била украдена и личната карта. Сведок на инцидентот тврдеше дека напаѓачите по инцидентот избегале со автомобилот на Касидиарис. Пратеникот на Златна зора, кој негираше секаква вмешаност во инцидентот, е ослободен од обвинението поради недоволно докази и постоење сомнеж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top