Американската комичарка и водителка Челси Хендлер, објави на Инстаграм фотографија на која е топлес инспирирана од фотографијата на рускиот претседател Владимир Путин.
На фотографијата двајцата се на коњ, без маица, а разликата е само во тоа што Челси носи кацига – нагласувајќи дека нејзе, за разлика од Путин, безбедноста и е на прво мсто. Покрај фотографијата познатата водителка додала и коментар:
„Се што маж може да направи, жената има право да го направи подобро.“
Поради кршењето на правилата за голотија, Инстаграм ја отстранил нејзината фотографија, но тоа комичарката не ја запрело туку повторно ја поставила избришаната фотографија. Овојпат напишала:
– Отстранувањето на оваа фотографија е чист сексизам. Имам апсолутно право на луѓето да им докажам дека имам подобро тело од Владимир Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






