| четврток, 6 декември 2018 |

Половата нееднаквост главна причина за добивање азил во Белгија

авганистан жени Секој шести бегалец што добил азил во Белгија изминатата година, барал помош поради проблеми и закани поврзани со неговиот пол, пишува весникот „Либр Белжик“.

стоп дискриминацијаНајчесто добиените статуси на азил се на жени, подложени во нивната татковина на семејно или домашно насилство, сексуална експлоатација, насилни бракови и обрежување на половите ограни. Во оваа група бегалци спаѓаат и хомосексуални мажи, кои се прогонувани во своите земји поради сексуалната ориентација. Според статистиката на канцеларијата на генералниот белгиски комесар за странци и апартиди, бројот на луѓето што побарале азил е зголемен за три пати од 2007 до 2012 година. Постои значително зголемување на бројот на баратели на азил од Источна Европа, но, според закон, меѓу нив не може да има граѓани од Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top