| четврток, 6 декември 2018 |

За оваа руска подморница НАТО нема одговор (ВИДЕО)

Русија испроба супер моќно оружје, нуклеарна подморница, која не може да ја сопре ниеден систем на космичка одбрана, бидејќи е потполно нечујна и практично може да ја погоди секоја цел на планетата.

Претходно, од подморницата „Јуриј Долгорукин“ беше лансирана интерконтинентална балистичка ракета „Булава“. Таа се движела од Баренцово море до Камчатка и успешно ја погодила целта на полигонот Кура.

Од руското министерство за одбрана соопштуваат дека стрелањето е извршено во согласност со планот за воена обука на стратешката подморница, пренесува агенцијата ТАСС.

Оваа подморница е прва во класата „Бореј“. Таа практично е нечујна, способна е да зарони пола километар и да плови самостојно повеќе од три месеци.

Заменик командантот на подводните сили на руската северна флота, Константин Кабанцов, нагласи дека „Булава“ е нуклеарна моќ на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top