| четврток, 6 декември 2018 |

Четири деца спасени од опожарена куќа во Велес

Пожарникарите успеаа навреме да ги извлечат четирите деца од куќата во која денес избувна пожар во велешката населба населба Керамидна.

Во пожарот целосно изгореа покривот, дел од катот и покуќнината, а децата спиеле во тоа време.

Пожарникарите успеаја навреме да ги извлечат четирите деца кои во тоа време спиеле, велат за МИА од Територијалната противпожарна единица од Велес. Мајката на децата спиела во соседната соба. Пожарникарите по јавувањето за пожарот од страна на соседите веднаш реагирале со две возила и пет пожарникари.

Според првичните сознанија, причина за пожарот  е неиспарвен кабел од електрична инсталација.

Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ од Велес изјави дека е направен увид од припадници на велешката полицијата кои работат на утврдување на причините за пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top