| четврток, 6 декември 2018 |

Сликарот Живко Поповски на Клиниката за гинекологија ќе подарува слики „Цвеќе на мирот за жената“

 Живко поповскиПо повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ денеска во холот на Клиниката за гиникологија и акушерство во Скопје организира изложба и ликовна работилница „Цвеќе на мирот за жената“ од сликарот и хуманист Живко Поповски-Цветин.
Дел од сликите кои авторот ќе ги создаде во текот на двочасовната работилница ќе бидат подарени на  жените родилки, а дел ќе останат за Клиниката.
Здружението „Гороцвет“ ја организира изложбата  во соработка со Амбасадата за мир „Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top