На тенискиот АТП Мастерс турнир во Париз во полуфиналето ќе се сретнат Томаш Бердих – Милош Раноиќ и Новак Ѓоковиќ – Кеи Нишикори.
Милош Раноиќ го направи најголемото изненадување во четвртфиналето совладувајќи го најдобриот тенисер на сите времиња Роџер Федерер со 2-0 (7-6, 7-5) во сетови. Канаѓанецот со црногорско потекло успеа по првпат во својата кариера по седум меѓусебни средби да слави победа над Федерер и заслужено да се пласира во полуфналето во Париз. Одличниот сервис на Раониќ беше нерешлива енигма за популарниот „Федекс“ кој си ги спакува куферите порано од очекуваното. За Федерер пласманот на завршниот турнир во Лондон е решена работа, а Раониќ ги задржа шансите за пласман во О2 арената.
Канаѓанецот во полуфиналето ќе се сретне со Чехот Томаш Бердих кој со целосен пресврт успеа да слави над Андерсон во три сета (6-7, 6-4, 6-4).
Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.
Ѓоковиќ лесно и убедливо со 2-0 (7-5, 6-2) во сетови го победи Британецот Едни Мареј кој успеа да пружи достоен отпор само во првиот сет кој сепак на крај го загуби по брејкот на Ѓоковиќ. Во вториот сет популарниот Ноле беше неприкосновен и без ниту една грешка не му дозволи на противникот да се понадева на пласман во полуфиналето.
Последниот патник меѓу четирите најдобри во Париз е Кеи Нишикори кој во последниот натпревар доцна синоќа славеше победа над Давид Ферер со 2-1 (3-6, 7-6, 6-4). Ферер го освои првиот сет доста лесно, но во следните два не успеа да најде решение за расположениот Јапонец кој со целосен пресврт дојде до полуфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




