Голманот на РК Вардар и член на српската ракометна репрезентација Страхиња Милиќ не отпатува со своите репрезентативни колеги во Израел за квалификацискиот дуел за европското првенство 2016 година во Полска. Тој дошол на утринскиот тренинг по натпреварот со Црна Гора во алкохолизирана состојба, и поради непочитување на кодексот на однесување и нарушување на дисциплината е одстранет од националниот состав.
Милиќ требаше да се обиде достојно да го замени Дарко Станиќ меѓу стативите кој постави високи критериуми за сите голмани во српскиот национален состав.
– Милиќ е одстранет од репрезентацијата за непочитување на кодексот на Ракометната сојуз на Србија со доаѓањето на тренинг во алкохолизирана состојба – изјави селекторот на Србија Дејан Периќ за српските медиуми.
– Ваквото однесување е недопустливо за ниту еден ракометар кој ги брани боите за својата земја. Да се биде репрезентативец бара почитување на правилата и дисциплината – додаде Периќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


