
Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс ја потврди претходно доделената оценка за кредитниот рејтинг на Република Македонија за странска и домашна валута ББ-, истовремено потврдувајќи го стабилниот изглед на земјата.
Потврдениот кредитен рејтинг се заснова на умереното ниво на јавен и надворешен долг, како и на позитивните очекувања за просечен раст на економијата од околу 3,4 отсто од БДП, што се темели врз основа на стабилните приливи од странските директни инвестиции.
Стабилниот кредитен рејтинг на Република Македонија е значаен сигнал за странските инвеститори и влијае позитивно на атрактивноста на земјата на меѓународниот пазар на капитал па значи и пониски каматни стапки, како и на вкупниот економски и политички имиџ на Република Македонија. Дополнително, потврдата на кредитниот рејтинг е уште еден силен сигнал кон странските инвеститори дека Република Македонија е земја во која може да имаат доверба и во која може да сметаат дека и во иднина ќе има здрави економски политики.
Стандард и Пурс годинава го намали кредитниот рејтинг на повеќе земји како Русија, Турција, Хрватска, Србија, Словенија и Бугарија, оттука потврдата на кредитниот рејтинг на Македонија е уште една потврда за добрите економски политики кои се практикуваат во земјава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потврден кредитниот рејтинг на Македонија
-
По 100 дена власт Шилегов за 14.000 евра ќе си го мери рејтингот
-
Медиумите пишуваат за рејтингот на Алиоски на ФИФА 18, Македонецот има рапиден развој во споредба со претходното издание!
-
Стандард и Пурс со позитивни економски проекции го потврди кредитниот рејтинг на Македонија


