| четврток, 6 декември 2018 |

Хелоу Кити денеска слави 40 години

хелоу кити

 Компанијата Санрио го креираше познатиот лик Хелоу Кити пред 40 години, а нејзиното вистинско име е Кити Вајт и е родена на 1 ноември во предградие на Лондон.

На почетокот, по нејзиното претставување во 1974 година Кити служи како украс на чанти и алки кај јапонските девојчиња, но денеска е глобална икона и позната како Хелоу Кити.

Датумот на роденденот на Хелоу Кити е избран по роденденот на нејзиниот креатор, дизајнерот Јуко Шимизу.

За успехот на Хелоу Кити заслужни се нејзината трансформација и прилагодување на социјалните и модерни трендови – иста, но секогаш различна, наведуваат од компанијата Санрио.

Хелоу Кити денеска е лик на 50 илјади производи, што се продаваат во 130 држави низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top