| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Дедо Мраз од рекламите на „Кока-кола“

zx450y250_2410682

Денес е погребан еден од најпознатите маскирани ликови на светот. Станува збор за Џон Мур – долгогодишен Дедо Мраз и еден од последните прототипи на белобрад старец од божикните реклами на „Кока- кола“.

Мур починал неделава во родниот град во Англија, на 86-годишна возраст. Тој бил Дедо Мраз по вокација, ако се суди по многубројните пораки со сочувство на социјалните медиуми и неговото сопствено интервју за „Фајненшл тајмс“ во 2011 година, каде што ги споделува тајните на професијата. Во другото време, освен божикните обврски, тој работел како шанкер и таксист .

Во рекламата на британска продавница од 2005 година, тој купува моркови за своите елени, а следната година станува прототип за компјутерски анимираниот старец од рекламата за „Кока-кола“, која одбележува 8 децении од божикните реклами на компанијата. Дедо Мраз се појавува во кампањите на газираните пијалаци од 20 -тите години наваму, а карактеристичниот зацрвенет лик, дебеличок и белобрад го добива во 1931 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top