| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на работници во индустријата поголем за 10,4 отсто

За 10,4 отсто пораснал бројот на работниците во индустријата во септември, споредено со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, бележи опаѓање од 2,8 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 12,5 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3 отсто. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 8,2 отсто, капитални производи за 111,0 отсто и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 4,6 отсто. Бројот на работници во индустријата за девет месеци е поголем за 7,7 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top