| четврток, 6 декември 2018 |

Фрлена граната пред кафуле во Сараево

Непознато лице фрли експлозивна направа пред кафуле во Сараево, кое е дел од хотелот „Холидеј ин“, јави Танјуг. Нема повредени.

Од оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево соопштија дека инцидентот се случил синоќа во 23 часот и се причинети материјални штети врз три возила, како и на влезот на хотелот. Според неофицијални информации, била фрлена рачна граната.

Полицијата е во потрага по напаѓачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top