Швајцарската полиција уапси македонски државјанин под сомнение дека силувал кобила во селото Рихенбах, пренесуваат тамошните медиуми.
Настанот се случил на 15 април оваа година, а како што пишуваат медиумите 31-годишниот македонски државјанин бил изведен пред суд и го признал грозноморниот чин, а потоа бил пуштен на слобода под услов да не го повтори кривичното дело.
Во едно соопштение од тамошната полиција се вели дека силувачот го признал делото и дека за време на чинот бил по дејство на алкохол и дрога.
– Да, во шталата имав сексуални односи со кобилата. Бев под дејство на алкохол и дрога и не знаев што правам, наводно признал пред полицијата 31-годишниот Македонец.
Инаку, според информациите во тамошниот печат, македонскиот државјанин живее во Вилд, а на полицијата им е познат и по други кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.