Во градот Красноармијск во источната украинска донецка област, која е центар на бунтот на рускојазичното население, како исчезнати се водат речиси 400 жени на возраст меѓу 18 и 25 години, а последните денови биле откриени 286 женски тела, објави премиерот на самопрогласената т.н. Народна Република Донецк, Александр Захарченко.
–Речиси 400 жени на возраст од 18 до 25 години исчезнаа во Красноармијск, каде што беше распореден баталјонот „Дњепар-1“. Во близината на Красноармијск се пронајдени 286 тела на силувани жени – изјави Захарченко, кој инаку е етнички русофон Украинец, кого го цитира РИА Новости.
Красноармијск (Красноармејск, на руски), со околу 80 илјади жители, од кои мнозинството се Украинци кои како мајчин јазик го наведуваат рускиот, има регионално значење во донецката област како железнички јазол. Таму прозападните власти го распоредија баталјонот „Дњепар-1“ составен од доброволци до западните делови на земјата кои медиумите ги нарекуваат „платеници“, од самиот почетокот воената операција од април со којашто новите власти во Киев сакаат да ја преземат контролата врз југоисточните области кои ги контролираат проруските бунтовнички милиции,
Според Обединетите нации во овие судири досега загинале 3.700 луѓе, а околу 9.000 биле ранети. Од 5-ти септември, по контраофанзивата на бунтовниците кои ги потиснаа владините сили до брегот на Азовското Море, на сила е прекин на огнот постигнат во Минск, кој со спорадичните нарушувања за кои меѓусебно се обвинуваат двете страни, главно се почитува. Со истиот договор, на побунетите региони Донецк и Луганск со закон им е одреден „специјален статус“ во траење од три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Изгубени телата на мигрантите кои пред три месеци загинаа кај Бучим
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија