| четврток, 6 декември 2018 |

„Пекабеско“ објави огласи за 100 нови вработувања

pekabesko

Две години по отворањето на новиот производствено-логистички центар, компанијата за производство на сувомесни производи и дистрибуција „Пекабеско“ веќе реализираше 100 од предвидените 200 нови вработувања. 

Компанијата отвори повеќе огласи за вработување лица од различни профили, неопходни за постојан развој, како и за континуирано унапредување на квалитетот и зголемување на процесот на производство. Од „Пекабеско“ велат дека нивната компанија е постојано отворена за нови вработувања и оти граѓаните постојано можат да аплицираат. 

Производствено-логистичкиот центар на „Пекабеско“ е инвестиција вредна 13 милиони евра и е со површина од 19.700 квадратни метри. Повеќе од половината или 10.500 припаѓаат на производствениот дел, а на дистрибутивните складишта 5.600 квадратни метри. Центарот ги исполнува сите европски и стандарди HACCAP  за производство на сувомесни производи, а „Пекабеско“ постојано ја збогатува својата палета на производи според барањата и вкусот на потрошувачите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top