Министрите за транспорт на Македонија, Бугарија и на Албанија денеска на средба во Софија усвоија декларација за спроведување проекти од значење за трите држави и со која ќе се залагаат Коридорот 8 да стане еден од приоритетите на Европската унија.
– Со декларацијата што ја усвоивме утрово со моите колеги министри тежнееме Коридор 8 да стане еден од приоритетите на Европската унија. Сакам да нагласам дека во Македонија се градат два нови автопатишта на Коридорот 8. Оваа година почнавме со работа на првата од трите делници за железничко поврзување со Бугарија, што значи дека активно работиме на проектите за поврзување на Македонија и на Бугарија – изјави министерот за транспорт Миле Јанакиески, по средбата со бугарскиот и албанскиот колега Николина Ангелкова и Едмонд Хаџинасто.
На средбата станало збор за проекти од заеднички интерес за трите држави, со можност да се аплицира за средства од европските фондови, кои би овозможиле подобра комуникација и економска соработка, соопшти макеоднското Министерство за транспорт и врски.
Тројцата министри учествуваат на еднодневниот форум на тема „Балкан-инфраструктурно и транспортно поврзување меѓу Црно Море и Јадранско Море. На форумот се истакнати добрите меѓусоседски односи меѓу државите како и можностите за натамошна соработка во делот на транспортот, патната и железничката инфарструктура.
Министерот Јанакиески, според соопштението, посебно ги нагласил заложбите на Владата на Република Македонија околу проектот за изградба на пругата кон Бугарија, кој е во фаза на реализација во делот од Куманово до Бељаковце, со акцент дека е од исклучителната важност за потребата од нејзино целосно завршување. Укажал дека во фаза на проектирање е пругата од Бељаковце до Крива Паланка и дека набрзо се очекува да се избере компанија што ќе го проектира и последниот дел од Крива Паланка до Деве Баир, граница со Република Бугарија.
Македонскиот министер за транспорт го нагласил и значењето од изградбата на пругата до Албанија, за комплетно железничко поврзување на Коридорот 8 меѓу Албанија, Македонија и Бугарија. Ги презентирал и проектите за изградба на двата нови автопати на Коридорот 8, „Гоце Делчев“ во источниот дел од Скопје до Штип и „Мајка Тереза” од Кичево до Охрид во западниот дел на земјата, како и на Коридорот 10 на потегот од Демир Капија до Смоквица, кој води до граничниот премин со Република Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Власта преку судот се изживува врз Јанакиески и Божиновски – тврди адвокатот Миланов!
-
Јанакиески и Божиновски во понеделник на јавна седница ќе бараат укинување на притворот
-
Халими: Приоритет во патната инфраструктура е Коридорот 8
-
Јанакиески: Речните корита во поплавените региони ќе се чистат во летниот период