| четврток, 6 декември 2018 |

Момче плаче зашто Бијонсе не дошла додека тој го вадел умникот (видео)

Тинјџерот Коди, кој се враќа од стоматолог каде што го вадел умникот, од анестезијата е во бунило, па прво почна да плаче зашто по операција не го дочекала Бијонсе „иако ветила“.

– Таа ме лажеше, плачеше Коди за време на возењето кон дома.

Подоцна одлучи да оди во Африка за да ја види Бијонсе, а во еден момент го фатило паника и ја прашал мајка си каде му е срцето.

– Твоето срцето ти е во градите, не ти го остранија срцето, само забот – вели мајка му, која веќе не можеше да се воздржи од смеење.

Паника го фати уште неколку пати вклучувајќи го и тоа кога сфати дека живее на фарма и дека поради газата во уста изгледа како лик од „Алвин и верверчката“, а во еден момент и самиот стана Бијонсе, па ѝ рече на мајка си дека не може да му кажува што да прави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top