| четврток, 6 декември 2018 |

„На точак“ издејствува измени во законот – деца до 10 години можат да управуваат велосипед

15famousbikes_16

Деца до десетгодишна возраст можат да управуваат велосипед на сообраќајница во придружба на лице постаро од 16 години. И покрај законската забрана предвидена со Законот за безбедност на сообраќајот, неформалната група на скопски велосипедисти „На точак“, успеа да издејствува ова да биде променето. МВР прифати дел од нивните забелешки и предлози. Според нив, прифатени се предлозите за изменување и дополнување на членовите 183 и 230 (кои се однесуваат на пренесувањето лица на велосипед и возрасното ограничување за возење велосипед).

Измената на членот 183 значи дека деца ќе смеат да се пренесуваат и на задно седиште на велосипедот, не само на предно. Измената на членот 230 значи дека деца до 10-годишна возраст ќе смеат да возат на улица.
Во рамки на станбени улици и зони на смирен сообраќај ќе смеат да возат и самостојно, додека, пак, на сите улици од повисок ранг каде што е дозволено возење велосипед, ќе смеат да возат во придружба на лице што ги познава сообраќајните правила, т.е. лица што навршило барем 16 години. Овој предлог-член вклучува и дозвола деца до 12 години да смеат да возат велосипед и на пешачки патеки.

Предлогот за отстранување на задолжителноста на кацигата од Законот е делумно прифатен, т.е. задолжителноста останува, само нема да има парична глоба доколку не се почитува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top