| четврток, 6 декември 2018 |

„Макстил“ затвора, „Југохром“ бара ново продолжување на рокот

челик

 „Макстил“, во согласност со предвиддените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди, од денеска го прекинува производството во погонот „Челичарница“.

Како што информираат од компанијата, производството ќе биде прекинато во погонот сè до ставање во целосна функција на новата филтерска постројка.

– Во претстојниот период, ноември 2014 година до јануари 2015 година следува завршната фаза од реализацијата на проектот нова филтерска постројка. Таа опфаќа монтажа и поврзување на новата постројка со постојните инсталации. Од средината на декември 2014 година до средината на јануари 2015 година следуваат студени и топли проби, по што погонот „Челичарница“ повторно ќе биде активиран, а ќе работи по најстрогите европски норми за емисии на издувни гасови во амбиенталниот воздух – појаснуваат од компанијата.

Производството во погонот „Валалница“, односно испораката на ламарини и задоволувањето на обврските кон купувачите, ќе продолжи непречено со полуфабрикат (челични слабови) набавени од увоз.

– Остануваме на нашата обврска за информирање на јавноста и во наредниот период – велат од фабриката.

– Денеска истекува продолжениот рок за спроведување на еколошките стандарди за компанијата „Макстил“ и за „Југохром“ од Јегуновце, што го добија од Владата во април годинава. „Југохром“ вчера достави ново барање за одолжување на рокот за воведување на стандардите за две години – велат за МИА од Министерството за животна средина и просторно планирање. Барањето треба да се разгледа денеска, на владата седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top