Русија и Украина синоќа постигнаа договор околу испораката на гас во текот на престојната зима и пролетта во 2015 година, по неколкумесечните тешки преговори со посредство на ЕУ.
Русија се согласила да ги обнови испораките на гас за украинските потреби.
Ова истовреме значи сигурност и за испораката на гас за земјите од ЕУ, кои се снабдуваат со овој вид енергент преку територијата на Украина.
Претседателот на Европската комисија на заминување, Жозе Мануел Баросо, го поздрави потпишувањето на договорот, констатирајќи дека сега веќе не постојат причини за да се стравува оти луѓето во ЕУ ќе се смрзнуваат во своите домови во текот на оваа зима.
– Ова е значаен чекор за обезбедување енергетска сигурност на европскиот континент – изјавил Баросо.
Еврокомесарот за енергетика, Гинтер Етингер, по постигнатиот договор меѓу Москва и Киев изјавил дека ЕУ има обезбедено сигурно снабдување со гас и изрази надеж дека договорот можеби ќе биде првиот знак за олеснување на руско-украинските тензии.
Договрот што го потпишаа директорот на руски „Газпром“, Алексеј Милер, и директорот на украинската државна компанија „Нафтогаз“, Андри Коболев, предвидува гаранции од ЕУ дека Украина ќе има сигурна испорака на гас, според цената што е договорена. Со овој договор ЕУ е гарант и околу исплатите на огромниот украински долг кон Русија.
Целиот пакет околу кој се договорија двете страни изнесува 4,6 милијарди долари, а средствата за него ги обезбедуваат Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји


