| четврток, 6 декември 2018 |

Поздрав од Њујорк за кралот, Леброн Џејмс се врати во Кливленд со пораз

Кошаркарите на Њујорк никс го расипаа враќањето на Леброн Џејмс во Кливленд и ја забележаа првата победа во новата сезона. Ноќната програма во НБА-лигата ќе остане забележана и по новиот малер за екипата на Оклахома и скршеницата на десната рака на олстар-бекот Расел Вестбрук.

Леброн Џејмс по три години пауза се врати во Кливленд, а коњаниците склопија тим за високи дострели по доаѓањето на Кевин Лав. Сепак, Њујорк предводен од Кармело Ентони успеа да слави со 95-90 и да го расипе славеничкото расположение во Кливленд. Публиката со стоечки овации го дочека кралот Џејмс, иако разделбата пред три сезони не беше мирољубива. Леброн одигра скромно за неговите квалитети, постигна 17 поени, имаше дури осум загубени топки и не успеа да слави во првиот меч за Кливленд по враќањето дома.

lebron

Ентони кај Никс беше најефикасен со 25 поени, во првата победа сезонава за Њујорк.

Вестбрук имаше несреќа да ја скрши десната рака при еден обид за влез под кошот на дуелот со Лос Анџелес клиперс. Тоа е нов голем проблем за Оклахома бидејќи во составот од стартот на новата сезона го нема и ланскиот најкорисен играч Кевин Дурент.

Резултати: Кливленд – Њујорк 90-95, Орландо – Вашингтон 98-105, Минесота – Детроит 97-91, Далас – Јута 120-102, Лос Анџелес клиперс – Оклахома 93-90.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top