| четврток, 6 декември 2018 |

Американците ќе потрошат повеќе од седум милијарди долари за Ноќта на вештерките

Американците ќе потрошат 7,4 милијарди долари оваа година за подготовки за Ноќта на вештерките, што традиционално го одбелжуваат ноќта спроти 1 ноември, јави ТАСС.

Најголем дел од сумата оди за купување, шиење или најмување костуми. Американците по традиција сакаат да се маскираат како вештерки, зомби и вампири, или како популарни херои од анимирани или играни филмови или од романи.

Оваа година, меѓутоа, хит на пазарот се и костуми како заштитна облека на лекари, кои работат со заболени од ебола.

Главната парада по повод Ноќта на вештерките ќе се одржи подоцна денеска во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top