| четврток, 6 декември 2018 |

Авион се заби во аеродромска зграда во Канзас

Мал авион денеска се урна на аеродромот во Вичита, во американската сојузна држава Канзас, и удри во една од аеродромските згради, соопштија локалните власти.

На телевизиските снимки од местото на несреќата се гледа како од зградата се крева голем сив облак од чад. Засега нема информации за евентуални жртви во инцидентот.

Авионот од типот „Бичкрафт“ се урнал откако по полетувањето му откажал моторот, соопшти американската Управа за безбедност во сообраќајот.

Итните служби реагирале на повикот за уривањето на авионот околу 9:40 часот по локално време (16:40 по средноевропско вереме), но на аеродромот немало доцнење на останатите летови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top