| четврток, 6 декември 2018 |

Барозо му го предаде на Јункер претседавањето со ЕК

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо денеска на симболична церемонија му ја предаде власта на новоизбраниот Жан-Клод Јункер. Формално администрацијата на Барозо е на власт до утре на полноќ.

Барозо двата претседателски мандати во последните 10 години ги оцени како исклучителни, со големи потешкотии, но и важни работи како на политички, така и на личен план.

– Успеавме да најдеме излез од кризата која и се закани на Европа и го стави под прашање опстанокот на еврото и на Европската унија, наведе Барозо.

Тој додаде дека и утре ќе биде на работното место, кога треба да се потпише долгоочекуваниот договор меѓу Русија и Украина за достава на гас.

– ЕК е неизбежен фактор во европската конструкција и ако на немаше требаше да биде измислема. Таа ја има улогата на фудбалски судија, кој никој не го сака, бидејќи покажува жолти и црвени картони, наведе Барозо.

Јункер потенцира дека претседавањето на Барозо се совпадна со „исклучително тежок период, одлучувачки, важен момент за ЕУ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top