Турското Министерство за надворешни работи и неколку странски амбасади во Анкара денеска примиле сомнителни коверти, соопштија турските медиуми.
Рано утринава сомнителни пратки биле примени во зградата на Министерството за надворешни работи и во Амбасадата на Норвешка во турската престолнина.
Екипи на Дирекцијата за управување при несреќи и вонредни ситуации биле испратени да ги испитаат случаите.
Првичните тестови на соддржината во ковертите, примени во Министерството, покажале дека во пратката нема хемиски отрови.
Турскиот весник на англиски јазик „Хуриет Дејли Њуз“ информира дека сомнителни пратки денеска биле испратени и до амбасадите на Мексико и Хрватска во Анкара.
Минатата недела во конзулатите на Канада, Белгија, Германија, Франција, САД и Унгарија во Истанбул беа примени коверти со сомнител жолт прав. Од лабораториските анализи беше утврдено дека во пратките имало креда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


