СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Н.(21) за сторено кривично дело „убиство“ во обид, соопшти МВР.
На 8-ми овој месец, во 17,00 часот, на ул. „Солунска“ во Куманово дошло до вербална расправија помеѓу пријавениот и Д.А.(30) и С.А.(23), двајцата од Куманово, во која пријавениот со нож му нанел убодна рана на Д.А. во градниот кош, а на С.А. во пределот на рамото.
„Сител“ денеска го објави видеото снимено од камера поставена на куќа веднаш до местото на настанот.
Истата снимка е доставена и до полицијата и до Основно јавно обвинителство во Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


