| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен портпаролот на Ал Каеда

Портпаролот на Ал Каеда, Сулејман Абу Гаит, кој е зет на Осама бин Ладен, е уапсен во Јордан. Информацијата ја потврди и Белата куќа, а операцијата била водена од јорданските власти и од ФБИ.

Апсењето на Абу Гаит е опишано од американската администрација како „многу значајна победа“ во војната против Ал Каеда. Според одредени непотврдени информации, уапсениот учествувал и во нападите на Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година.

Според турскиот весник „Хуриет“, Абу Гаит бил уапсен минатиот месец во луксузен хотел во Анкара, но турските власти го пуштиле затоа што немал направено кривично дело во оваа земја. Тој потоа сакал да замине за Кувајт преку Јордан, но набрзо откако ја напуштил границата во Турција бил уапсен, пишува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top