| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли премина во русокоси (фото)

Анџелина Џоли

Анџелина Џоли

Холивудската актерка Анџелина Џоли е непрепознатлива со новиот изглед. Џоли премина во тимот на русокоси со ретро фризури за потребите на нејзиниот лик во филмот „Крај морето“. Првпат по 9 години, Џоли се здружува со својот сопруг Бред Пит во драма, чиешто сценарио е напишано од 39-годишната актерка. Анџелина е и режисер на филмот, а снимањето веќе е во тек.

На сетот и двајцата со Бред се со ретро изглед и глумат долгогодишна двојка, која оди на одмор во Европа во 70-тите на минатиот век.

–  Анџелина продолжува да демонстрира извонредни способности како раскажувач пред и зад камерата и ние сме многу возбудени што ќе ја прошириме соработката со неа преку филмот „Крај морето“ – изјавила претседателката на „Јуниверзал пикчрс“, г-ѓа Дона Ленгли.

1a

2a

3a

4a

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top