Потребно е сите заедно да направиме напори да се спречи отселувањето на младите лица и високообразовните кадри од Република Македонија бидејќи се работи за одлив кој е од капитално значење за земјата.
Ова го истакна министерот за финансии, Зоран Ставрески, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеничката од опозицијата Роза Топузова-Каревска на денешната, 20. седница на Собранието, која е поврзана со емиграцијата на младите, односно дали Владата располага со податоци колку Македонци ја напуштаат земјата и колку од нив се високообразован кадар.
Топузова-Каревска посочи дека ситуацијата е алармантна, повикувајќи се на статистички податоци од Светска банка бидејќи, како што рече, кај нашите институции не можела да најде никакви податоци за овој проблем. Според неа, ќе дојде до демографска катастрофа ако не се запре овој емиграционен бран.
Министерот Ставрески во одговорот нагласи дека ова е многу значајно прашање и проблем за кое сите треба да се залагаат да се реши.
– Ние ја делиме загриженоста со вас и токму затоа работиме на економскиот развој. Со отворањето нови работни места и привлекувањето странски инвестиции помагаме младите тука да имаат перспетива и да најдат егзистенција, но потребно е на ваков начин сите заеднички да работиме да ги задржиме луѓето – рече Ставрески.
Во однос на поставеното прашање од пратеничката Топузова-Каревска до министерот за здравство, Никола Тодоров, за катастрофалната состојба на болницата во Прилеп, во којашто според неа нема основни услови, министерот Тодоров истакна дека генерално е запознаен со проблемите во болницата и се работи на нивно решавање.
– Владата вложи 2 милини евра за набавка на нова опрема во болницата, а се вложува и во другите сегменти и се работи на нејзината реконструкција – рече Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Седницата за пратенички прашања започна без присуство на опозицијата
-
Владата не реализирала ниту еден проект за младите
-
Бесперспективност поради рецесијата: Младите масовно се иселуваат од Македонија