| четврток, 6 декември 2018 |

Холанѓаните лансираа беспилотно летало што ќе спасува животи

Холанѓаните им покажаа на Балканците дека дроновите можеле да се користат и за други - хумани цели.

holandija-dronhp-epaВо Холандија е претставен еден од првите прототипи на „амбулантно беспилотно летало“ на светот, кое во најкраток рок може да пренесе дефибрилатор до пациентот што доживеал срцев удар.

Леталото со шест пропелери може да достигне брзина од 100 км на час и да носи товар до четири килограми, а самостојно може да го одбира правецот на движење затоа што ќе одговара на итни повици и со помош на ГПС ќе утврдува од каде бил упатен повикот.

– Во Европската унија речиси 800.000 луѓе секоја година доживуваат срцев удар и само осум проценти преживуваат – вели Алек Момонт, 23-годишен студент од Белгија, кој го развил овој систем.

– Главната причина е релативно долгото време што е потребно да пристигнување на спасувачките екипи на самото место, кое, во просек, изнесува десет минути, а смртта во такви ситуации настанува за четири до шест минути – вели тој.

Момонт истакнува дека амбулантното летало може да превезе дефибрилатор за една минути во радиус од 12 километри квадратни со што шансите за преживување на пациентот би се зголемиле за 80 проценти.

Кога дронот ќе стигне до одредиштето, медицинското лице може да даде упатство на личностите што се наоѓаат околу пациентот со помош на микрофот и камера, која леталото ја има вградено. Иако станува збор за прототип, холандската итна служба веќе се заинтересирала за ова летало, пишува весникот „Алемеен дагблад“. Ако почне сериски да се произведува, леталото би чинело околу 15.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top