| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија го криминализира учеството во платени војни во странство

австарлија

Австралија денеска донесе закон со кој се криминализира учеството на нејзини граѓани во странски војни како платени војници, откако десетици австралиски граѓани се придружија на екстремистички групи во Ирак и во Сирија.

Премиерот Тони Абот пред парламентот изјави дека најмалку 70 Австралијци се борат на страната на такви групи во Ирак и во Сирија и дека околу 100 посредници во Австралија помагаат за нивно регрутирање. Владата досега ги прогласила за неважечи пасошите на 70 граѓани.

Минатиот месец ОН ги повика сите земји да го криминализираат учеството на свои граѓани како борци во екстремистички групи, како и врбувањето и спонзорирањето на други лица со иста цел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top