Најдобрата српска тенисерка Ана Ивановиќ ја заврши оваа сезона со четири освоени титули, а додека трае паузата ужива во Белград, каде што како амбасадорка на УНИЦЕФ ја промовира акцијата „Училиште без насилство“, но во таа пригода не можеше да ги избегне и прашањата околу нејзината врска со капитенот на германската репрезентација Бастијан Швајнштајгер.
– Дали сум вљубена е навистина приватно прашање. Свесна сум дека мојата работа прави луѓето да се заинтересирани и за тоа што ми се случува и надвор од тениските терени. Мене тие написи не ме допираат, сепак некогаш има невистинити детали. Секој од нас ја бара својата среќа, па така и јас – изјави мистериозната Ана која наредните три седмици ќе биде на одмор, а можеби и ќе отпатува во Германија за да го посети своето момче.
– Освоив четири титули на четири различни континенти. Многу сум задоволна бидејќи планирав враќање во топ 10. Наредната година ќе го намалам бројот на турнири и ќе се фокусирам на поголемите – додаде Ана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.