| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка ноќ за Македонците во кошаркарската Евролига

Единствените  македонски репрезентативци што се натпреваруваат во фазата Топ 16 во групата Ф од Евролигата, Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб, со Олимпијакос и Фенербахче, вечерва загубија на домашен терен.

Олимпијакос беше поразен со 77-90 од Барселона во Атина. Перо Антиќ за повеќе од 13 минути минати на паркетот заврши со 7 поени. Предводник во победата на Каталонците беше Еразем Лорбек со 21 постигнат поен. Најефикасен во тимот на Олимпијакос беше Спанулис со 23 забележани поени.

Фенербахче загуби од Макаби со 85-94, во натпревар во кој Мекејлеб даде 12 поени (6/16 од игра) дополнети со девет скока и три асистенции, за 36 минути игра. Турците останаа на само две победи, наспроти осум порази, и се на претпоследната позиција на табелата, без шанси да минат понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top